政治家や選挙は、自由に投票し、積極的に参加民主主義、変更、オンライン投票の投票で
Macedonian parliamentary election, 2011

Рикер и Соренсен апелираат за фер и демократски избори

Macedonian parliamentary election, 2011, ВМРО-ДПМНЕ 25%

 

Гласајте слободно, Македонија може и мора да организира фер и демократски избори заради евроатлантската иднина, порачаа амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Филип Рикер и Петер Соренсен, на завршувањето на кампањата за мирни избори „Каков белег ќе оставиме - фер и демократски избори 2011“.

Тие денеска  во Градскиот парк во Скопје нагласија дека граѓаните се најважни и оти мора да гласаат по сопствена волја и без притисоци.

- Овие избори се важен дел од демократијата. Тие се важни за македонската иднина и секој граѓанин треба да мисли каков впечаток ќе остави утре кога ќе отиде на избирачкото место да гласа. Сакаме да видиме слободни и фер избори без насилство, изјави Рикер.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија посочи дека е убеден оти граѓаните на Македонија ќе остават демократски белег на претстојните избори.

- Апсолутно сме сигурни дека белегот што ќе го остават граѓаните на Македонија зад себе ќе биде демократски, слободни и фер избори. Знаеме дека можете и сакаме да го направите тоа зашто е интегрален дел од политичките критериуми кои ви требаат за да ни се придружите во евроатлантскиот клуб, рече Соренсен.

...

 

 

04 јуни 2011

Прочитајте повеќе за: www.mrt.com.mk

2011-07-04


amalia -
それ旗no spam

ElectionsMeterのテキストの内容に関して責任を負いません。いつもの著者を参照してください。すべてのテキストElectionsMeter上に公開され、著者とは、元のソースへの参照元の名前を含める必要があります。ユーザーは、著作権侵害の通知を義務付けられている。注意してサイトのポリシーをお読みください。

 
load menu