政治家や選挙は、自由に投票し、積極的に参加民主主義、変更、オンライン投票の投票で
Macedonian parliamentary election, 2011

ДИК: Фер, демократски и законски избори

Macedonian parliamentary election, 2011, ВМРО-ДПМНЕ 25%

 

Државната изборна комисија (ДИК) предвремените парламентарни избори ги оцени како фер, демократски и законски. Според 87,72% од обработените податоци на Државната изборна комисија (ДИК) ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред останатите политички партии. Од досега обработените податоци ВМРО-ДПМНЕ има освоени 365.874 гласа, СДСМ има освоено 302.201 гласа. ДУИ има освоено 94.651 глас, ВМРО-НП 23.483 гласа, ДПА 49.282 гласа, ЛДП 13.043 гласа, а НДП на Руфи Османи 24,547 гласа. Во меѓувреме се пребројуваат гласовите и од останатите избирачки места.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на прес-конференцијата оддржана по полноќ, објави дека според податоците до 24 часот на предвремените парламентарни избори во Македонија гласале 63,30 проценти односно 916.877 гласачи. Ова се податоци од  85,86 обработени избирачки места, објави претседателот на ДИК Кондарко. Целосните први неофицијални резултати ќе бидат објавени на 06.06.2011, најави претседателот на ДИК, напоменувајќи дека резултатите ќе бидат сукцесивно објавувани на интернет страницата на ДИК во текот на ноќта.

 

Автор: АТ/ макфакс

 

 

06.06.2011

Прочитајте повеќе за: www.dw-world.de

2011-07-04


amalia -
それ旗no spam

ElectionsMeterのテキストの内容に関して責任を負いません。いつもの著者を参照してください。すべてのテキストElectionsMeter上に公開され、著者とは、元のソースへの参照元の名前を含める必要があります。ユーザーは、著作権侵害の通知を義務付けられている。注意してサイトのポリシーをお読みください。

 
load menu