政治家や選挙は、自由に投票し、積極的に参加民主主義、変更、オンライン投票の投票で
Rizvan Sulejmani

Ризван Сулејмани

Rizvan Sulejmani 50%

Ризван Сулејмани: На Македонија и треба длабока дебата на сите нивоа

 

Во Република Македонија имаме два спротивни феномени. Првиот е културниот шок, кој доаѓа како тенденција на еманципирањето и урбанизацијата на Албанците и, вториот, политичката траума, како реакција на она што се подготвува како антиполитика против овој феномен

 

Накратко сакав да речам дека тука се дадоа многу дефиниции за тоа што е политичката култура. Кажано беше дека е тоа однос на индивидуата кон институциите, однос на индивидуата кон државата, однос на колективитетот кон институциите, државите. Можат да бидат интегралистички, може да бидат традиционалистички и така натаму. И, имам впечаток дека сета оваа трибина се прави за политичкиот дијалог на политичките лидери, а не за средниот дијалог, за она што го спомена колешката, дијалог на интелектуалците, на граѓанското општество, но и најзначајно - дијалог на народот.

 

Имаме ситуација во која денес има толку судирања и поларизации во политичкиот живот околу два проекти, како што е Скопје 2014-та и сега, во последно време, ни се јавува уште еден проблем, оној со Куманово. И никако да влеземе во суштината на проблемот, туку само ги гледаме политичките актери, кои мајсторски ги користат некои свои способности кои создаваат последици со цел задржување на власта или евентуално освојување на власта. И сета аргументација се сведува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е тоталитарна националистичка партија, СДСМ е слаба партија и не може да ја игра улогата на опозиција, ДУИ е слаба партија на власт и не ја извршува својата задача како албанска политичка партија, ДПА е вонинституционална и така натаму, а никој не седнува да размисли што се случува во Македонија. Има толку многу индикатори за да се види дека ова што се случува со Скопје 2014-та е само последица на под. абоки процеси кои се случуваат во македонското општество.

 

Читај повеќе: DIALOG (March 20, 2011)


barby -
それ旗no spam

ElectionsMeterのテキストの内容に関して責任を負いません。いつもの著者を参照してください。すべてのテキストElectionsMeter上に公開され、著者とは、元のソースへの参照元の名前を含める必要があります。ユーザーは、著作権侵害の通知を義務付けられている。注意してサイトのポリシーをお読みください。

先頭の世論調査に: > Macedonia > 政治家 > Rizvan Sulejmani
 
load menu